ЖРК Вардар вчера славеше на гостувањето во Подгорица против екипата на Будуќност со 28:31, во рамките од стартот на главната фаза на Лигата на шампионите. Андреа Пенезиќ беше една од клучните ракометарки на ЖРК Вардар, која постигна 8 погодоци и беше најефикасна кај „црвено-црните“.

ЕХФ оправдано ја смести во најдобрите три ѕвезди на колото. Покрај Андреа Пенезиќ, триото ѕвезди во првото коло од главната фаза во ЛШ го комплетираат Стине Јоргенсен (Митјиланд) и Ана Грос (Мец).

*Изборот на трите ѕвезди на колото во ЛШ може да го погледнете на следниот ЛИНК.