Репрезентацијата на Ангола е вториот противник на Македонија на СП во Франција.

Ангола трет пат е учесник на еден светски шампионат. По 2005 во Тунис (20 место) и 2007 во Германија (21 место), оваа африканска репрезентација конечно по 10 години успеа повторно да се најде на еден Мундијал, каде Ангола дојде освојувајќи го третото место на Африканското првенство 2016, веднаш зад Египет и Тунис. Ова е најголем успех на Ангола, што покажува дека и машкиот ракомет во оваа држава полека напредува. За потсетување женската репрезентација на Ангола доминира на Афричкиот континент, во Рио на ОИ играше во четвр-финалето, а има и два пласмани во најдобрите 8 на СП. Овие податоци покажуваат дека ракометот не е без традиција во Ангола.

Сепак, машката репрезентација на Ангола и на ова СП ќе влезе како аутсајдер на сите мечеви во групата Б на СП во Франција. Со играчи главно од домашниот шампионат, Ангола ќе мора многу да се помачи доколку сака да изненади некоја од европските селекции. Најголема шанса за изненадување им се нивниот стар познаник Тунис, со кого и на Африканскиот шампионат одиграа тврд и незивесен натпревар кој заврши со тесен триумф на Тунис 23-21.

Ангола ќе го искористи овој шампионат за дополнителен напредок во својата игра и како уште еден чекор во приближувањето во квалитет кој најдобрите две репрезентации од овој континент – Египет и Тунис. Секој евентуален позитивен исход, ќе биде еднаков на сензација.

Селектор: Alexandre Machado

Голмани: Geovanni Muachissengue, Julião Gaspar, Gilberto Figueira

Играчи: Adelino Pestana, Edivaldo Ferreira, Sérgio Lopes, Manuel Nascimento, Romé Ebo, Osvaldo Mulenessa, Nestor Kinanga, Adilson Maneco, Elias António, Belchior Kamuanga, Gabriel Teca, Yaroslav Aguiar.

Распоред на натпревари:

  • Ангола – Словенија (12.01)
  • Ангола – Македонија (14.01)
  • Ангола – Шпанија (16.01)
  • Ангола – Исланд (17.01)
  • Ангола – Тунис (19.01)