Вардарки од унгарскиот вицепрвак Ѓер го претрпеа првиот пораз во Скопје на отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите, каде одиграа многу лошо. Пикерот на ЖРК Вардар, Ања Алтхаус изјави дека тоа го оставиле зад нив и дека на денешниот натпревар ќе излезе друг ЖРК Вардар, подобар и посконцентриран кој ќе им се одмазди за поразот во Скопје.
„Првиот дуел во Скопје треба комплетно да го оставиме зад нас. Ова е сосем нов натпревар. Во првата средба како да не бевме 100 отсто во мечот и покрај силната желба сезоната да ја започнеме со победа. Извлековме некои поуки од тој натпревар и мислам дека сега сме подобри, ја најдовме нашата игра, функционираме како тим и тоа е еден од главните елементи за победа“ – изјави Алтхаус.
Натпреварот ќе се одигра од 16:30 часот, со директен пренос на МРТ.