Голманот на Вардар, Арпад Штербик е прогласен за најдобар ракометар во светот, во изборот кој го направи ракометниот сајт „Handball-planet“.
Искусниот 37-годишен чувар на мрежата на Вардар, Штербик го водеше Вардар во минатата сезона кон европската титула, а оваа сезона токму тој е еден од главните „виновници“ зошто „црвено-црните“ не знаат за пораз во Европа.
Освен Штербик кој беше избран за најдобар ракометар во светот, беше составен и најдобриот тим:
- Уве Генсхајмер (ПСЖ)
- Микел Хансен (ПСЖ)
- Никола Карабатиќ (ПСЖ)
- Недим Ремили (ПСЖ)
- Бјарте Мирхол (Скјерн)
- Виктор Томас (Барселона)
- Лука Карабатиќ (ПСЖ)
Во гласањето беа вклучени 30 новинари од 27 земји, а гласаа и повеќе од 100.000 посетители на сајтот.