Голманот на Вардар, Арпад Штербик е избран за најдобар голман на сезоната во Лигата на шампионите. Денес Европската ракометна федерација во пресрет на завршниот турнир во Лигата на шампионите, каде Вардар ќе ја брани титулата, го објави ол-стар тимот, во кој имаше место и за еден од ракометарите на европскиот првак.

„Ол-стар“ тимот на Лигата на шампионите за оваа сезона:

  • Голман: Арпад Штербик (Вардар)
  • Лево крило: Уве Генсхајмер (ПСЖ)
  • Десно крило: Давид Балагер (Нант)
  • Лев бек: Сандер Сагосен (ПСЖ)
  • Среден бек: Никола Карабатиќ (ПСЖ)
  • Десен бек: Дика Мем (Барселона)
  • Пикер: Бјарте Мирхол (Скјерн)
  • Дефанзивец: Лука Карабатиќ (ПСЖ)
  • Млад играч: Ромен Лагарде (Нант)
  • Тренер: Патрис Канаје (Монпелје)