Ракометарите на Металург во инфаркт завршница, ја забележаа својата втора победа во Лигата на шампионите. Победа во која голманот на „плаво-белите“, Дарко Арсиќ направи чудо во последната минута од натпреварот, со што му го донесе овој голем триумф над шпанската Ла Риоха со 24:23.
Натпреварот започна доста борбено, се играше погодок за погодок со до 4:4, кога Металург направи серија од 4-0 и усепа да се одлепи на 8:4. Противникот усепа да се доблиши на 9:8 во 15-та минута, но повторно нашите ракометари усепаа да се вратат во игра и да го задржат водството, за на полувреме да заминат со 11:9.
Второто полувреме одлично го отворија „плаво-белите“ и веќе во 37-та минута ракометарите на Металург имаа предност од 15:11. И кога сите помислија дека конечно Металург ќе одигра еден добар натпревар без многу грешки, се случи обратното. Пад во играта на Металург, кој шпанците го искористија максимално и со серија од 3-8 го свртеа резултатот во своја полза 20:22 во 53-та минута. Но, добрата одбрана на Металург и расположениот Драгаш, кој постигна во низа 3 погодоци по ред, ракометарите се вратија во егал завршница и резултат 24:23 на само две минути до крајот на натпреварот.
Во драматичната завршница херојот на Металург, Дарко Арсиќ во два напади од ѕицер позиции успеа да ги спречи ракометарите на Ла Риоха и задржи водството, кое на крај донесе голема победа.
Мора да се напомене дека на само 15 секунди до крај, кога Металург имаше напад и водство од 24:23, нашите ракометарите наместо да ја задржат топката во своите раце, тие направија голема грешка во нападот, каде избрзаа за да завршат, бидејќи мислеа дека е готово. За среќа во контрата на шпанците, Арсиќ одбрани, па оваа грешка ќе остане не забележана, бидејќи Металург стигна до втората победа во Лигата на шампионите.
Дарко Арсиќ го заврши натпреварот со 16 одбранети удари, а најефикасни кај Металург беа Обрадовиќ и Драгаш со по 7 постигнати погодоци, додека кај гостите најефикасен беше Иноу со истотака 7 постигнати погодоци.
Фото: www.gol.mk