Во второто коло од Португалскиот шампионат, екипата на Бенфика ја совлада Мадеира (27-20), во моментите кога се кршеше резултатот на сцена стапи репрезентативниот голман Никола Митревски, кој со неколку одлични интервенции и овозможи на својата екипа да се одлепи од противникот.
Бенфика на стартот од Португалското првенство има 2 победи од исто толку одграни натпревари, а следниот нивни натпревар е дербито против Порто на гостински терен, каде што очекуваме одново Митревски да биде на посакуваното ниво.
Автор: Б.Ф