За Вардар, мечот со Барселона не само што со себе носи спортски престиж, туку и е многу значаен за состојбата на табелата. Вардар самоуверено го држеше врвот на табелата по првите 6 кола, со 5 триумфин и еден пораз. Но сега, по поразот од Барса, 5 екипи се во рамноправна битка за самиот врв.
Доколку во недела се случи она што ниту еден ракометен фан во Македонија не го посакува, пораз на Вардар, Барса ќе биде најблиску до толку посакуваното прво место, а Вардар (со 10 бода) ќе остане во мртва трка до крајот со екипите на Рајн-Некар Левен (11 бода), Пик Сегед (10 бода) и Киелце (10 бода). Ситуацијата дополнително е отежната со фактот дека Вардар до крајот ќе им гостува на сите овие три екипи.
Доколку Вардар дтриумфира, ќе се врати на првото место во групата и од пол позиција ќе ја продолжи тешката битка за врвот.
Но, за сите комбинации ќе може да анализираме по мечот. Денес фокусот е на теренот во “Јане Сандански”.
Мечот е со почеток во 17.45, со директен пренос на МРТ1.