Покрај добро познатото скопско дерби, оваа сезона добивме ново дерби. И тоа не било каде, туку во ракометна Битола, каде денеска си ги одмерија силите екипите на Пелистер и Работник. Во една одлична атмосфера на трибините, ракометарите на Пелистер го победија новиот суперлигаш Работник со конечни 24-21 (12-12).
Во првото полувреме гледавме еден вистински егал натпревар, се менуваше водството, но ниедна екипа не поведе со повеќе од 2 погодоци. Така продолжи и во второто полувреме, се до 45-та минута кога екипата на Работник имаше голем пад во играта во нападот, каде направија 4 пробивања, кои скапо ги чинеа на крајот.
Во екипата на Работник, Чурлевски покажа одлична игра на овој натпревар, но сепак му фалеше помош од своите колеги, кои делуваа изгубено во поголемиот дел на натпреварот. За разлика кај екипата на Пелистер, се забележа една тимска игра, особено во одбраната. Во нападот Вешовски беше одличен, кој постигна 5 погодоци, додека на голот повторно царуваше Кирил Колев, кој натпреварот го заврши со 11 одбрани.
Битолското дерби најави дека ќе гледаме една одлична сезона, во која ќе има голема неизвеснот до самиот крај.
Фото: www.sportmedia.mk