Машките младински и кадетски репрезентации на Македонија од вчера учевствуваат на меѓународен турнир во Балатонфуред, Унгарија. Според официјалните информации од Ракометната федерација на Македонија овој турнир ќе служи како подготовка за ЕХФ шампионатите кои ги очекуваат овие репрезентации во Скопје и во Тбилиси.
Репрезентациите под водство на селекторот Данило Брестовац досега одиграа пет натпревари. Турнирот вчера го отвори катедетската репрезентација со победа против РК Егерсеги (55-13). На овој натпревар во тимот се истакнаа Кондев и Божиновски со по 10 голови.
Потоа, исто така вчера, и младинците и кадетите се соочија со тимот на Веспрем и извојуваа победи. Двете репрезентации имаа минимални победи (младинци – 23:22 и кадети – 27:25). Кај младинците Јагуриновски, Мишевски и Шилегов постигнаа по 4 голови, а се истакна Арсеновски со 5 голови. Кај кадетите најдобар беше Серафимов со 11 погодоци.
Денес кадетите повторно играа со тимот на Егерсеги и повторно извојуваа висока победа (42-10). Младинците пак утрово се соочија со Ајка и повторно победија (24-28).
Од турнирот остануваат уште натпреварите на двете македонски репрезентации со репрезентацијата на Бугарија, кои ќе се одиграат утре и задутре.