Македонскиот репрезентативец, Борко Ристовски се најде во Топ 5 најдобри одбрани во Лигата на шампионите. На гостувањето во Полска, кај екипата на Киелце, Борко забелеша 6 интервенции, од кои една се најде на 4-та позиција во изборот на најдобри одбрани ова коло.

Сепак Рајн Некар се врати дома поразен со 28:27, по што останува на делба на третото место заедно со Пик Сегед, со по 15 бода. Веднаш зад нив е Вардар со 14 бодови.

Одбраната на Борко Ристовски, како и останатите одбрани, може да ги погледнете ТУКА.