По одиграното 9-то коло во Лигата на шампиони, ракометарот на Металург, Јанко Божовиќ конечно одигра онака како што го гледавме на почетокот на сезоната, сигурен и прецизен во нападот, со што не им даде на Скјерн да се одлепат резултатски. Божовиќ на овој натпревар постигна 8 погодоци и со вкупно 66 погодоци ја дели првата позиција на листата стрелци во ЛШ, заедно со Микел Хансен од ПСЖ. Кој на вчерашниот натпревар против Веспем одигра слаба партија, во која постигна само еден погодок.

Ви ги претставуваме првите 5 стрелци:

  1. Јанко Божовиќ (Металург) 66 погодоци
  2. Микел Хансен (ПСЖ) 66 погодоци
  3. Малмагро Кристиан (Ла Риоха) 65 погодок
  4. Дејан Бомбач (Пик Сегед) 62 погодоци
  5. Габор Чазар (Кадетен Шафхаузен) 59 погодоци