Македонија Данило Брестовац Македонска репрезентација

Вечерва Македонија славеше над Грузија со резултат 25:21, а селекторот на ракометната репрезентација, Данило Брестовац на пресот веднаш по натпреварот беше задоволен од изданието на младите играчи и новата победа во оваа ЕХФ-недела.

„Промашивме бројни зицери, пред се во првото полувреме, потоа во вториот дел уште осум. Сигурно дека има простор за напредок, но тоа е и суштината на овие контролни натпревари, да им се даде шанса на помладите да ги покажат квалитетите, да соберат искуство кое потоа ќе им биде драгоцено. Мене како селектор не ми е лесно, од една страна сакам да победам, од друга да им дадам шанса на сите. Севкупно гледано, целта е остварена, ракометарите добија можност да покажат што знаат во репрезентативниот дрес, оние кои не играат во клубовите неопходна минутажа за да влезат во ритам. Штета е што помладите и претходно не добиле вакви можности во националниот тим“ – изјави Брестовац.

Утре со почеток од 16:00 часот, ќе се игра и вториот натпревар помеѓу овие две репрезентации.

Фото: Екипа.мк