Данило Брестовац македонска репрезентација

Селекторот на македонската репрезентација, Данило Брестовац ја направи првата прозивка пред стартот на подготовките за Европското првенство кое ќе се игра идниот месец во Шведска, Австрија и Норвешка.

Брестовац денеска ги собра младите ракометари на кои ќе смета на двата подготвителни турнири кои ќе се играат во Србија и Романија, по што ќе одлучи за конечниот список на ракометари.

Можеби ќе звучи и помалку грубо, но ова е речиси „Б репрезентација“. Додека јас сум селектор, сметам дека е неопходно да постои ваква категоризација, бидејќи така играчите ќе знаат каде припаѓаат. Јас сум тренер што им дава шанса на младите, а сега ќе имаат четири натпревари да ме убедат дека поседуваат квалитет, дека заслужуваат место во А репрезентацијата. Редно време е некој да исплива на површина, време е некој од младите да блесне на едно Европско првенство.

Повеќе за тајмингот на натпреварите може да прочитате на следниот ЛИНК.

Фото: Хендбал-планет