Селекторот на македонската репрезентација, Данило Брестовац на денешната прес-конференција пред почетокот на официјалниот старт на подготовките за настапот на ЕП 2020 во Виена, го објави списокот од 20 ракометари.
Брестовац потенцираше дека ако сакаме добар резултат на ЕП, ќе мора Талески и Кузмановски да го дадат најдоброто од себе.
„Ако треба да бирам ракометар кој не е на мојотсписок, добро би ми дошол среден бек и тоа низок, бидејќи сите бекови што ги имаме се високи. Факт е дека имаме ракометари во Германија, но загрижен сум од минималната улога што Талески и Кузмановски ја имаат во своите клубови. Кузмановски против Грузија беше тотално дефокусиран, а во првото полувреме мислам дека имаше шут 1/8. Свесен сум дека не му е лесно, на секој ракометар му е неопходно да минува што повеќе време на терен. Но, факт е дека за да оствариме голем резултат ќе ни треба овие ракометари да преземат дел од одговорноста. Талески и Кузмановски досега беа млади, но сега треба да докажат дека се квалитетни“
Фото: Дриблинг.мк