ЖРК Вардар утре ќе ги одмери силите против Ростон Дон во полуфиналето на Ф4 турнирот од ЛШ во Будимпешта, а еден од главните адути на рускиот тим е црногорката Катарина Булатовиќ. Таа изјави дека ЖРК Вардар е најтешкиот можен ривал за нејзиниот состав, но посакува да освои нов трофеј во Лигата на шампионите.

„Вардар е најтешкиот можен противник, исклучително силен состав. Знаеме како загубија во финалето минатата година, сега со речиси истиот тим ќе атакуваат на титулата. Но, ние веруваме во своите квалитети и искрено се надевам дека можеме да стигнеме до успех. Секој што е дојден на Ф4 во Будимпешта, секако дека посакува на крајот да го крене победничкиот пехар“ – изјави Катарина Булатовиќ.