Селекторот на македонската репрезентација, Лино Червар на прес-конференцијата по натпреварот со Словенија им ја честиташе заслужената победа и призна дека денес беа подобар противник. Потенцирајќи ја нестрпливоста во нападот и недоволната борбеност во одбраната, како главни причини за лошата игра на нашата репрезентација.

„Мораме да признаеме дека бевме надиграни и затоа загубивме. Не треба премногу да се анализира, едноставно заслужено загубивме. Почетокот беше слаб, можеби требаше да има и црвен картон врз Миркуловски, но не сакам да навлегувам во анализи бидејќи поразот е заслужен. Почнавме со одбрана 5-1, потоа сменивме во 6-0, но и тоа не беше премногу добро, во првото полувреме одигравме многу слабо. Промашувавме од сите позиции, па во второто полувреме шанса добија помладите ракометари за да ги покажат своите квалитети. Подобри се, имаат далеку поголем фонд на играчи, ние кога останавме без Миркуловски ја загубивме главата. Екипата што е послаба треба да покаже поголемо срце, тоа не се случи денеска, па го претрпевме овој пораз“ – изјави Червар.