Македонската сениорска репрезентација максимално се подготвува за престојното СП во Франција. Селекторот, Лино Червар на подготовките во Маврово стави акцент на физичката подготвеност на репрезентативците.
Задоволен од тоа како сите репрезентативци сериозно си ја сфатиле задачата, пробуваат да ја зголемат борбеноста и зацврстат одбраната.
„Малите земји секогаш ги одликува големо срце кога станува збор за спортот Јас секогаш потенцирам две важни работи, првата е борбеноста, која мора да биде на многу повисоко ниво во однос на претходните натпревари, мора да гинеме за секоја топка, за секоја педа од теренот. Втората е одбраната, која мора да игра врвно бидејќи јас отсекогаш велам дека одбраната ги добива, а нападот ги губи натпреварите. Секако дека ќе сториме се за да оствариме резултат каков што посакуваме, но за мене уште поважно ќе биде да оставиме срце на терен, сите да говорат како Македонија игра најборбен ракомет на првенството. Ако го сториме тоа, верувам дека и резултатот нема да изостане“ – изјави Лино Червар.