Селеторот на македонската ракометна репрезентација, Лино Червар го објави поширокиот список на ракометари за СП во Франција во јануари 2017 година. За некој можеби е изненадување, за некој не … оправдано или не, Червар ги изостави Борко Ристовски и Ацо Јоноски, со што официјално го започна помладувањето на македонската репрезентација.
Искусниот стратег на поширокиот список за претстојното СП во Франција повика дури 11 дебитанти, а го врати и Филип Миркуловски. Кој сеуште нема никаква информација за негово враќање во репрезентацијата, освен тоа што Червар изјави дека зборувал со него и со РФМ, и дека дефинитивно се враќа во составот за престојното првенство.
ГОЛМАНИ
- Никола Митревски (РК Бенфика – Португалија)
- Кирил Колев (РК Пелистер)
- Благојче Трајковски (РК Охрид 2013)
- Даниел Ѓорѓески (РК Вардар јуниор)
ЛЕВИ КРИЛА
- Дејан Манасков (Рајн Некар – Германија)
- Гоце Ојлески (Одорхеи – Романија)
- Давор Палевски (РК Металург)
- Бојан Маџовски (РК Пелистер)
ДЕСНИ КРИЛА
- Гоце Георгиевски (ЧСМ Букурешт- Романија)
- Никола Костески (РК Металург)
- Мартин Поповски (РК Вардар јуниор)
ПИКЕРИ
- Никола Маркоски (Орошази – Унгарија)
- Стојанче Стоилов (РК Вардар)
- Жарко Пешевски (РК Металург)
БЕКОВИ
- Велко Маркоски (ППД Загреб – Хрватска)
- Кирил Лазаров (Барселона – Шпанија)
- Филип Лазаров (Темишвар – Романија)
- Филип Талески (РК Металург)
- Марко Нелоски (РК Металург)
- Стефан Дрогришки (РК Металург)
- Ристо Арнаудовски (Ферлах – Австрија)
- Влатко Митков (Кремс – Австрија)
- Мартин Манасков (РК Вардар јуниор)
- Филип Миркуловски (Вецлар – Германија)
- Ласко Андоновски (РК Тинекс Пролет)
- Мартин Велковски (РК Металург)
- Горан Крстевски (РК Металург)
- Јовица Младеновски (РК Охрид 2013)
Репрезентација на Македонија во периодот од 11-ти до 29-ти јануари 2017 година ќе настапи во групата Ц и ќе игра против Тунис, Ангола, Словенија, Шпанија и Исланд, а натпреварите ќе се играат во градот Мец.