На денешната прес конференција, Лино Червар објави дека на Светското првенство во Франција ќе замине со 19 ракометари. Како што и претходно се најавуваше, Мартин Велковски и Ласко Андоновски нема да отпатуваат во Франција.
Конечен список на ракометари, кои ќе заминат во Франција:
- Никола Митревски
- Кирил Колев
- Благојче Трајковски
- Никола Митрески
- Дејан Манасков
- Гоце Ојлески
- Гоце Георгиевски
- Мартин Поповски
- Стојанче Стоилов
- Жарко Пешевски
- Велко Маркоски
- Филип Талески
- Марко Нелоски
- Кирил Лазаров
- Филип Лазаров
- Филип Миркуловски
- Стефан Дрогришки
- Ристо Арнаудовски
- Влатко Митков
Како што налагаат правилата, само 16 ракометари ќе бидат пријавени за секој натпревар. А тројца од повиканите играчи, од трибините ќе ја чекаат својата шанса за настап на некој од натпреварите.
Светското првенство во Франција започнува на 11-ти јануари (среда), а Македонија својот прв натпревр го има ден подоцна против Тунис.