Селекторот на нашата репрезентација, Лино Червар го скрати списокот на 16 ракометари кои што утре ќе играат против репрезентацијата на Тунис. Во составот нема место за голманот Никола Митревски, пикерот Жарко Пешевски и бекот Ристо Арнаудовски.

Ова е одлуката на Лино Червар по обработување на двата последни тренинзи.

На утрешниот натпревар на голот ќе бидат Колев и Трајковски, на крилата ќе бидат Манасков, Ојлески, Георгиевски и Поповски. Додека на бековската линија ќе бидат Кирил Лазаров, Филип Лазаров, Талески, Неловски, Миркуловски, Велко Маркоски, Митков и Дрогришки. Кај пикерите останаа Стоилов и Никола Маркоски.

Натпреварот меѓу Македонија и Тунис се игра утре, со почеток од 17:45 часот.