Селекторот на македонската репрезентација, Лино Червар е презадоволен од денешниот настап на ракометарите. Македонија ја оствари целта, дојде до голем бод против Исланд и ја избегна Франција во осминафиналето.

Еве што изјави Лино Червар после натпреварот:

„Сакам да им честитам на нашите играчи, кои стануваат херои, и честитам и на публиката која беше феноменална, им честитам и на сите гледачи кои не следат од Македонија. Што да ви кажам, среќен сум. Издрживме, имавме страшни пехови, се повредија Миркуловски и Манасков, но се извлековме и докажавме дека имаме вистинско македонско срце. Губевме и со пет разлика, но нема веќе предавање, Македонците веќе никогаш нема да се предаваат, покажавме карактер и им честитам на ракометарите за тоа. По ваков меч Македонците велат дека е добро да се испие едно пиво, па сега ќе одиме да испиеме по едно пиво“
– изјави Лино Червар.