Еден од најголемите тренери во последниве децении во светскиот ракомет, моменталниот стратег на Металург, Лино Червар доби признание од ЕХФ. Денес му беше доделена доживотна мастер-лиценца за посебни достигнување во ракометниот спорт, која без сомнение хрватот ја заслужи!
Лиценцата ќе му биде врачена на 16-ти јануари во Краков, за време на ЕП, и тоа на завршниот ден од тренерскиот семинар.
МакРакомет му честита на Червар за ова признание и воедно му посакува успех во вториот дел натпреварувањето со Металург во Лигата на шампионите.