Чави Пасквал барселона

Денес од 17:00 часот, ракометарите на Вардар ја пречекуваат екипата на Барселона во рамките на 7-то коло од Лигата на шампионите.

Во пресрет на денешниот натпревар тренерот на Барселона, Чави Пасквал изјави дека играњето во Скопје е едно од најтешките гостувања во Европа.

„Вардар направи неколку промени во играчкиот состав, но ја задржа силата. Фактот дека имаат пет победи и само еден пораз покажува на кое ниво е нивната игра. Ова дефинитивно е едно од најтешките гостувања во Европа и затоа мора да одиграме максимално сконцентрирани и да нема опуштање во текот на сите 60 минути“ – изјави Чави Пасквал.