Металург никако не успева да го скрши мразот во новата сезона во Лигата на шампионите, па ова попладне Чеховски Медведи му го нанесе 5-тиот пораз.
За разлика од претходните натпревари, „плаво-белите“ го загубија дуелот уште на почетокот од натпреварот. Ракометарите на Чеховски Медведи брзо се одлепија и ја диктираа играта во текот на целиот натпревар, па на крајот со убедливи 33:25 славеа над „плаво-белите“ кои без својот тренер Брестовац изгледаа немоќно да им се спротистават.
Најефикасни кај Металург беа Јагањац со 7 и Токиќ со 4 постигнати погодоци, додека кај гостите беа Санталов со 6 и Острашченко со 5 постигнати погодоци.
Следното коло се игра на 4-ти ноември, кога Чеховски Медведи ќе гостува во Автокоманда.