На денешната прес-конференција на РК Металург, во пресрет на саботниот натпревар против екипата на Елверум, во рамките на првото коло во Лигата на шампионите, Лино Червар изјави:
“Во сабота стартуваме во Лигата на шампионите против екипата на Елверум, која ни е познат противник. Првиот натпревар ни е многу важен. Имаме мал хендикеп, Обрадовиќ нема да игра бидејќи се уште има проблеми со мускулите. Исто така и Дрогришки ќе паузира и на овој натпревар. Оптимист сум дека рехабилитацијата нема да трае подолго. Кузмановски, пак, веќе нема проблеми со грбот, па ќе биде подготвен за настап. Ќе мора максимално концентрирано и борбено да влеземе во мечот, да внимаваме на изгубени топки во нападот, за да не дозволиме нивна брза транзиција и контра преку двете крила Андре Линдбое и Иванчик. Цврстата одбрана ќе треба да биде наше главно оружје. Само со борбена и агресивна зона ќе можеме да го запреме нивниот напад, а, исто така, ќе мора да бидеме внимателни и на нивната игра на брз центар“
Екипата на Елверум доаѓа во Скопје со 3 победи, од 4 одиграни натпревари во норвешкото првенство, каде е на првото место на табелата.