Червар, видно лут на судиите, по мечот изјави: „Им честитам на момците. Во првото полувреме ги надигравме, нема што. И со атрактивна игра и со се. Јас сум лут… ние сме мала земја, немаме многу играчи за ротирање, но во второто полувреме ние немавме рамноправно судење. И јас тоа им го кажав. Тоа е нивна победа. Им честитам на играчите. Ние грешевме, но мора да разберете дека е тешко да се игра во такви услови. Кога тие наместо топка за нас судат пенал, чисто пробивање, престап, не знам што да кажам, разочаран сум од судењето. Но тоа е. Не знам дали ќе имаме сила за утре, но сега мора да преспиеме, па утре ќе мислеме за тоа.“

„Но мора да одиме понатака. Нема потреба да мислиме на ова веќе, само потребно е да добиеме чесно судење. Им благодарам и на публиката. Сакавме и заради нив да направиме изненадување, но што е тука е. Благодарам“ – заврши селекторот Червар.