Во пресрет на денешниот полуфинален натпревар ракометарот на РК Вардар, Лука Циндриќ е максимално фокусиран на одбрана на титулата, тимот е подготвен физички и психолошки да го одигра најдобриот ракомет сезонава.

„Притисок е голем, но едвај чекаме сѐ да тргне. Подготвени сме и се надевам дека можеме да стигнеме до крајот. Работевме напорно и верувам дека токму овој викенд ќе бидеме најдобри. Сите екипи кои се тука, заслужено се дел од Ф4. Психички и физички сме подготвени во сите 60 минути да се бориме во полуфиналето. Монпелје покажа дека е одлилен тим. Играат брз ракомет, имаат одлична транзиција, опасни се еден на еден. Треба да бидеме спремни за секоја одбрана од 6-0, 5-1 и 4-2. Може сѐ да покажат. Одбраната е клуч на нашата игра. Одиме чекор по чекор. Фокусирани сме на Монпелје” – изјави Циндриќ.

Натпреварот започнува од 18:00 часот, со директен пренос на МРТ