Во пресрет на утрешниот клучен натпревар за ракометарите на РК Вардар против вицешампионот Веспрем, Лука Циндриќ изјави дека причина за поразот во Скопје беа промашените зицери и дека трите гола разлика се достижни.

„Мислам дека не игравме толку лошо, колку што промашивме сигурни ситуации. Ако погодиме пола од тие зицери коишто ги утнавме сигурно дека имаме шанси. Имаме доволно разновидност во играта, доволно акции за да ја надмудриме одбраната на Веспрем. Тие се високи и имаат побавни нозе, па со брзи движења можеме да ги пробиеме. Сепак, тоа е врвна екипа, еден од кандидатите за освојување на Лигата на шампионите и ќе биде тешко“ – изјави Циндриќ.

Владее оптимизам во таборот на Вардар, иако статистиката и традицијата кажуваат дека оваа сезона никој не победил во „Веспрем Арена“. Единствениот тим кој не остана непоразен беше Вардар, каде извлече реми во рамките од СЕХА лигата.

„Да знам, во нивната сала никој не помина лесно. Ете затоа ние ќе бидеме тие кои ќе победиме таму, за сѐ постои првпат“ – заврши Лука Цинриќ.

Македонските љубители на ракометот со нетрпение го очекуваат утрешниот натпревар, каде веруваат дека вардарци дотолку го дадат својот максимум, можат да направат чудо!