Во целокупната ракометна историја на нашата селекција, вечер од 20:30 за прв пат се соочуваме со репрезентацијата на Црна Гора.

Ова е четврто по ред Европско Првенство за Црна Гора, кои најдобриот резултат го имаат постигнато во 2008 освојувајќи го 12-тото место.

Групата Ц и овој пат нуди уште едно балканско дерби, кое веруваме дека ќе биде интересно за гледање.
После лошиот пораз од бранителот на европската титула, избраниците на селекторот Драган Џукиќ, против нашата репрезентација ќе пробаат да ги освојат првите 2 бода.

Главниот адут за вечер е голманот Симиќ, кој навидум после “тешката” повреда се враќа на голот на Црна Гора. Младиот Симиќ, инаку чувар на мрежата на германски Мелсунген ќе се обиде да ги спречи головите на македонските репрезентативци.

Дали тоа ќе ѝ им помогне на црногорските ракометари да влезат повторно во игра за следната фаза, останува да видиме.