Репрезентација на Црна Гора останува без двајцата најдобри ракометари во тимот, откако по Вуко Борозан се повреди и голманот Небојша Симиќ.

Голманот на Мелсунген се повредил на загревањето пред тренингот, каде го повредил листот на ногата и веројатно ќе треба да мирува неколку недели.

Симиќ беше голем адут на Ѓукиќ поради фантастичната форма во која настапува сезонава во Бундеслигата, а Црногорците тврдат дека тој веќе почнал со терапии, но шансите да настапи на некој натпревар се само теоретски.