Ракометарите на Вардар попладнево од 18:00 часот ќе го играат вториот полуфинален натпревар на Ф4 турнирот во Келн, против екипата на Монпелје.

Искусниот хрватски репрезентативец, Иван Чупиќ изјави дека „црвено-црните“ се во Келн повторно да станат шампиони и тој да биде првиот ракометар кој во својата кариера освоил три шампионски титули.

„Неколку години играме во речиси непроменет состав и под водство на Раул. Одлично се познаваме и одлично функционираме и на терен и надвор од него. Вардар има генерација ракометари што може да освои сè и сите силно посакуваме нов успех. Дојдовме во Келн за повторно да го подигнеме шампионскиот пехар и да бидеме првиот тим што успеал да ја одбрани титулата и на крајот на краиштата да се разделиме како шампиони“ – изјави Чупиќ.