Драгана Цвијиќ стана една од клучните алки во составот на ЖРК Вардар на патот да ја освои својата прва титула во Лигата на шампионите.
„Од Ѓер велеа дека не се подготвени ниту за фајнал-форот, а сепак го победија Букурешт, на кого не му оставија надеж и шанса во ниту еден момент. Нема да бараме алиби и оправдувања, одиме на победа. Ќе дадеме се од себе за да го победиме Ѓер. Тука сме за да изгинеме една за друга, да одиграме два натпревари, а не да размислуваме дали ќе имаме сили или не. Денес треба да биде наш ден и тој трофеј конечно да го донесеме во Скопје“ – изјави Цвијиќ.