После дебаклот од Татран Прешов, ракометарите на РК Струмица му гостуваат на Борац во рамките од СЕХА лигата. Натпревар помеѓу екипите од дното на табелата, натпревар „да се биде или не“ за струмичани. Ракометарите на РК Струмица тежнеат за поправање на крајно лошиот впечаток што го оставија оваа сезона, со што ќе го дадат својот максимум вечерва против Борац да дојдат до својата прва победа оваа сезона.

Во нивниот прв меѓусебен дуел во Струмица, струмичани одиграа нерешено со Борац, 30:30. Натпревар во кој го имаа постојано водството, за на крај во последните 3 минути го прокоцкаат воството и не успеат да забежат победа.

Струмичани се соочуваат со повредени играчи, но се надеваат дека дотолку изиграат максимално ќе стигнат до својата прва победа оваа сезона во СЕХА лигата.

„Последните два натпревар, не бевме комплетни. Како и да е, не можам да сметам на сите играчи, но очекувам од нас да изиграме максимално колку што можеме. Искрено, ја очекувам првата наша победа во СЕХА лигата“ – изјави тренерот на РК Струмица, Марјан Андонов.

Натпреварот ќе се одигра вечерва од 20:00 часот.