Данило Брестовац

Данило Брестовац од денеска и официјално е нов селектор на ракометната репрезентација на Македонија, откако стратегот на Металург беше претставен пред јавноста на заедничка прес-конференција со претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.

Брестовац беше помошник на Обрван во А селекцијата, а сега има можност како прв човек на машката селекција да работи со националниот тим, на кој прва задача е пласман на следното ЕП.

Новиот селектор со голем ентузијазам го очекува предизвикот пред него.

„Благодарност до комисијата при РФМ и до претседателот на федерацијата. Мислам дека сум способен да одговорам на оваа функција, сето она зад мене ми дава за право да дојдам до остварување на овој мој професионален сон. Мислам дека комисијата го направи вистинскиот избор, бидејќи сум вистинскиот човек за правење на еден вид на фузија, меѓу оние играчи со кои имам настапувано како играч и оние кои ги селектирав во младинските селекции во изминатиот период“ – истакна Данило Брестовац.

Фото: Екипа.мк