Селекторот на македонската репрезентација, Данило Брестовац беше презадоволен од прикажаното на младите момци во финалето на „Трофеј Карпати“. Но, истовремено му беше жал, што веќе утре, по враќањето на репрезентацијата во Скопје, на дел од нив ќе им соопшти дека за нив нема билет за Виена.
Радосен сум! Фантастичен натпревар, браво за момците! Изгинаа! Немам никакви забелешки и многу ќе ми биде жал што ќе морам со повеќето од нив да се поздравам утре. Среќен сум дека имаме иднина. Без најдобрите дојдовме на еден ваков турнир, а момците ми покажаа дека сериозно може да се смета на нив. Одржавме убав час по ракомет, со квалитетен напад, Танкоски е МВП, со одлична одбрана, Митревски најдобар голман. Велко маестрално ја држи одбраната, паузата не ни почувствува во неговата игра. Потребно е секој собир да го користиме за овие млади момци и би било лошо ако застанеме тука… Мора да продолжиме понатаму со подготовките, прво за ЕП, а потоа и за се она што ќе следи за овој тим.
Репрезентацијата вечерва веднаш тргнува кон Македонија, додека утре на пладне е закажана прес-конференција, не која Данило Брестовац ќе го соопшти списокот на ракометарите за втората фаза на подготовки.
Фото: РК Металург