Македонскиот голман во екипата на Темишвар, Златко Даскалоски не запира со своите одлични партии оваа сезона. Повторно на последниот натпревар против Одорхеи, Даскалоски имаше одлична партија со 15 одбрани. Одбрани кои беа за жал залуднни, бидејќи неговата екипа беше поразена од екипата на Кузмановски и Ојлески.

Оваа сезона Даскалоски на своето конто има вкупно 215 одбрани, бројка која многу голмани можат да и завидат. Бројка за која тренерот на македонската репрезентација, Ивица Обрван треба да размисли за тоа кои голмани ќе бидат дел од ЕП во Полска за неполн месец.

Одорхеи го доби натпреваро со 24:20, а треба да се напомене дека на овој натпревар истотака се запишаа во листата на стрелци играчите Горан Кузмановски со два и Гоце Ојлески со еден погодок.