Голманот на Тамишвар, Златко Даскалоски продолжува со своите одлични партии во романското првенство. Овојпат во македонската пресметка против Одорхеи, каде забележа 18 одбрани, кои сепак не беа доволно за победа на неговата екипа.
Сепак екипата Одорхеи забележа минимална победа со 26:35, со што останаа бодовите на домаќинот. Натпревар во кој можеше да се забележат многу македонски ракометари на двете страни, натпревар во кој Горан Кузмановски постигна 3 погодоци и Гоце Ојлески еден погодок.
Темишвар остана со 21 бод на 7-то место, додека Одорхеи и понатаму е трет, но сега со 27 бода, колку што има и ЦСМ Букурешт, екипата во која неделава потпиша Наумче Мојсоски, каде под водство на Звонко Шундовски би требало да дебитира утре, против Стеауа.