Македонскиот репрезентативен голман, Златко Даскалоски од Романија летово се сели во Франција. Даскалоски во изминатите 4 години беше на голот на Темишвар, а од следната сезона ќе настапува за францускиот второлигаш Стразбур со кој потпиша двегодишен договор.

Тимот на Стразбур подготвува тим со кој ќе се бори за место во најсилната француска лига, а Даскаловски е едно од новите засилувања во составот.

Исто така, Златко Даскалоски се најде на поширокиот список ракометари, кои селекторот Раул Гонзалес ги повика за јунскиот бараж за СП 2019 против Романија.

Среќно!