Ракометарките на ЖРК Вардар по поразот од Будуќност продолжија со својата лоша игра, која францускиот шампион Мец ја искористи и им го нанесе најубедливиот пораз на вардарди од 14 погодоци разлика, 42:28. ЖРК Вардар влезе во лоша серија, веќе втор пораз сезонава и големо предупредување пред елиминаторната 1/4 финална фаза во Лигата на шампионите.

Вардарки одиграа солидно само во првите 10 минути, кога имаа водство од 5:8. За веднаш по тајмаутот на тренерот на Мец, Емануел Мајонад паднав во својата игра и дозволат на французинките со серија од 5-0 да го превземат водството 10:8 во 15-та минута. Ракометарките на ЖРК Вардар изгледаа изгубени во нападот, правеа многу технички грешки, а во одбраната беа деконцентрирани и примаа лесни голови. Давид Дејвис направи ротација со речиси цела постава, но сите ракометарки продолжуваа со грешките и промашувањата, по што на полувреме се замина со минимална предност од 19:16.

Сите се надеваа дека вардарки во второто полувреме ќе се вратат во игра, но се случи спротивното. Продолжија со лошата игра, а ракометарките на Мец со голема самодоверба почнаа да максимално да ги искористуваат грешките на вардарки и да ја полнат мрежата на „црвено-црните“. Вистински дебакл на ЖРК Вардар и убедливи 14 погодоци разлика, кои се надеваме дека ќе им бидат добра поука на ракометарките на ЖРК Вардар во следниот период.

Најефикасна на натпреварот беше Андреа Пенезиќ со 10 потигнати погодоци, единствената ракометарка која може да се каже дека беше светла точка во најлошото издание на Вардар сезонава. Кај домаќините одличен натпревар одигра словенката Ана Грос, која постигна 12 погодоци и феноменалната голманка Лора Глосер, кој ги спушти ролетните на својот гол.

Во последното коло од оваа фаза во ЛШ, Вардар на 11-ти март во Скопје го пречекува Турингер.