Македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков е избран за најдобар ракометар на Веспрем за изминатата сезона. Во анкетата во која учествуваше целиот тим и навивачите, Манасков ги собра најголемиот број на гласови и се закити со наградата „Карлос Перез“.

Манасков одигра одлична сезона во која остави силен впечаток во таборот на Љубомир Врањеш и дефинитивно беше најдоброто засилување во тимот, каде на 35 натпревари успеа да постигне 118 погодоци.

Честитки!