Екипата на Веспрем денеска ги престави своите засилувања за следните две сезони, а едно од засилувања е македонскиот репрезентативец Дејан Манасков.

Дејан Манасков од Рајн Некар Левер доаѓа во редовите на Веспрем, со кој потпиша едногодишен договор до 30-ти јуни 2018 година. Новите засилувања и измени во унгарскиот состав, се основаат на доаѓањето на новиот тренер во Веспрем, Љубомир Врањеш.

Останатите засилувања: Мануел Штрлек, Кент Робин Тонесен, Вилијам Акамбре, Кентин Мае и Матијас Ѓер.