Македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков со екипата на Рајн Некар Левен славеше минимална победа на гостувањето против Лајпциг со 24-25, во рамките од 5-то коло во Бундес лигата.
Иако актуелниот германски шампион лошо го отвори натпреварот, брзо се врати во ритам и уште во првото полувреме обезбеди водство од 3 погодоци, коe успеа до самиот крај да гo задржи.
На овој натпревар Дејан Манасков постигна 5 погодоци од 7 обиди, каде заедно со Хендрик Пекелед и Егдал Дуриц беа главните носители на играта на „лавовите“.