Дејан Милосављев

Голманот на РК Вардар, Дејан Милосављев повторно се најде во најдобрите 5 одбрани, во рамките на 5-то коло во Лигата на шампионите.

Ракометарите на Вардар го претрпеа првиот пораз оваа сезона (31:27) од екипата на Киелце, по што го загубија првото место во својата група. Во еден тежок натпревар, со два црвени картони „црвено-црните“ беа немоќни против Киелце, со оглед и на лошата одбрана која ја играа вардарци.

Поради лошата одбрана на вардарци, Милосављев немаше многу шанси за одбрани. Но, на крајот од своите скромни 10 одбрани, една одбрана се најде во Топ 5 одбрани на колото.

Најдобрите одбрани може да ги видите на следниот ЛИНК.