Французинката Сираба Дембеле и Бразилката Мајса Песоа се две порашни вардарки кои утре во полуфиналето на Ф4 турнирот во Будимпешта ќе бидат на спротивната страна, во составот на Ростов Дон. ЖРК Вардар го игра 5-тиот завршен турнир, а Ростов Дон е дебитант во големата четворка.
А за Дембеле нема дилема кој е фаворит.
„Тоа ќе биде тежок меч. Вo Вардар силно ја посакуваат титулата, посебно оваа година кога им е последен настап заедно. Вардар е најдобриот тим на овој турнир и нормално, фаворит е во утрешното полуфинале. Ние не сме фаворити, за нас е ова прв настап на Ф4, но верувам дека ќе имаме и ние свој момент и ќе се обидеме да го искористиме. Ќе биде многу тешко, тоа дефинитивно“ – оценува француската репрезентативка во составот на Ростов Дон.