Денес започнува 26-то Светско првенство во ракомет, прв пат во историјата домаќини две држави (Германија и Данска).
Затоа како што е редот домаќините ќе го отворат мундијалот, кој ќе се игра во градовите Берлин, Минхен, Келн, Хамбург, Копенхаген и Хернинг. Најпрво репрезентацијата на Германија ќе игра против Кореја во 18:15 часот, а репрезентацијата на Данска ќе игра против Чиле в0 20:15 часот.
На шампионатот ќе учествуваат 24 репрезентации поделени по шест во четири групи. Меѓу нив е и македонската репрезентација за која ова ќе биде шестто Светско првенство. Првиот настап го Македонија го имаше на СП 1999 година во Египет, десет години подоцна настапија на СП 2009 во Хрватска, а од 2013 година и шампионатот во Шпанија се редовни учесници: 2015 во Катар, 2017 во Франција и сега 2019 во Германија и Данска.
Изглед на групите:
- Група А: Германија, Франција, Русија, Србија, Бразил, Кореја.
- Група Б: Хрватска, Шпанија, Исланд, Македонија, Бахреин и Јапонија.
- Група Ц: Австрија, Данска, Норвешка, Тунис, Саудиска Арабија и Чиле.
- Група Д: Унгарија, Шведска, Египет, Аргентина, Ангола и Катар.
Во втората фаза продолжуваат по три најдобропласирани од секоја група, при што ќе се формираат две нови групи со по 6 учесници. При тоа секоја репрезентација си ги пренесува бодовите од натпреварите со конкурентите од групата. Потоа двете најдобри одат во полуфиналето.
Македонија првенството го почнува против репрезентацијата на Јапонија (11-ти Јануари), по што следуваат натпреварите против Бахреин на 13-ти Јануари, ден подоцна со репрезентацијата на Хрватска, на 16-ти против Шпанија и на 17 јануари со Исланд.