Денес започнува втората фаза од натпреварувањето во ВИП Супер машката лига во која 6 екипи ќе се борат за шампионската титула. Првите 4 најдобро пласирани екипи од основниот дел од првенството обезбедија учество во оваа завршница, а на нив им се приклучуваат и екипите на РК Вардар и РК Макс Струмица. Овогодинешни учесници во плејоф фазата се: РК Металург, РК Охрид, РК Прилеп, РК Работнички, РК Макс Струмица и РК Вардар.

Распоред – I коло плејоф:

1. РК Макс Струмица – РК Работнички 17 часот

2. РК Охрид – РК Вардар 19 часот

3. РК Прилеп – РК Металург 19 часот

Директен пренос од овие натпревари можете да следите на официјалната страна на Ракометната федерација на Македонија.