Денес започнува Вип Супер Лигата. Во првиот дел на оваа лига ќе се игра без најдобрите два македонски клуба Вардар и Металург.

Најинтересно би требало да биде во Битола. Пелистер и Еурофарм Работник ќе се соочат меѓусебе. “Гостинската екипа” со неколку засилувања сезонава најавува дека ќе се бори за горниот дел од табелата, а зошто не и за влез во најдобрите четири. Па Битола добива едно солидно дерби кое што можеме да очекуваме дека во иднина ќе прерасне и во поголемо и поквалитетно.

Прилепчани (2010) го пречекува Вардар Јуниор, Радовиш – ГРК Борец и Работнички – Охрид.

Во Скопје дербито ќе биде помеѓу Пролет и Металург 2. Од последниве се очекува да се борат за влез во најдобрите четири, заедно со битолските и тимот на Охрид 2013. Тимот на Работнички оваа година со помали очекмувања од предходната, Охрид е тука некаде со квалитетот на тимот во однос на предходната. Најмногу прашина се подигна позади тимот на Еурофарм Работник, додека Пелистер сеуште не е на неговиот претпознатлив квалитет од пред една деценија. Па се очекува доста поинтересна сезона од минатата во нашата машка ракометна Вип Супер Лига во нашата ни Република Македонија.

Лесен почеток!

Натпревари од прво коло:
  • ПРОЛЕТ 62 – МЕТАЛУРГ 2 (16/09/2016 од 19:00 часот)
  • ПЕЛИСТЕР – ЕУРОФАРМ РАБОТНИК (16/09/2016 од 20:00 часот)
  • ПРИЛЕП 2010 – ВАРДАР Ј. (76/09/2016 од 19:00 часот)
  • РАДОВИШ – ГРК БОРЕЦ (17/09/2016 од 19:00 часот)
  • РАБОТНИЧКИ – ОХРИД 2013 (18/09/2016 од 12:00 часот)

Автор: Б.A