По се, изледа дека сезоната за македонската репрезентативка, Зорица Десподовска заврши. Нашата ракометарка, која моментално настапува за германскиот Розенгартен има повреда на рбетниот столб (дискус хернија), што значи дека мора да мирува во следните неколку месеци и со терапии да ја реши оваа незгодна повреда.
Договорот на Десподовска со Розенгартен истекува на крајот од сезоната, со што можеби нашата ракометарка ќе го продолжи договор или во спротивно ќе бара нов клуб. Се зависи од нејзиното опоравување, за кои МакРакомет и посакува тоа да биде што побрзо!
„Имав подолго време проблеми, но се надминуваа со терпии и вежби. Имам дискус хернија и решив повеќе да не ризикувам затоа што состојбата почна да се влошува и во продолжение на сезоната ќе паузирам и ќе се лекувам. Се надевам дека до лето се ќе се среди. Се уше не знам дали лекувањето ќе биде во Германија или ќе одам во Хрватска. Сега одам на терапии, наскоро ќе треба да одам на ново снимање, по што ќе видиме како ќе биде“ – изјави Десподовска.
Воедно, Десподовска ќе го пропушти и квалификацискиот циклус ( дуелот против Словенија во Март и двата натпревари против Црна Гора и Хрватска во Јуни) за ЕП 2016 во Шведска, што преставува дополнителен проблем за селекторот Симовски на позицијата лев бек.
„Не се планирани некои поголеми измени во составот за претстојните квалификациски натпревари со Словенија, но конечниот список ќе биде познат до крајот на неделава. Засега е извесно само дека Зорица Десподовска, поради повреда, не може да настапи на овие дуели“ – изјави селекторот Симе Симовски.