Ракометарите на Вардар се очекува да слетаат на аеродромот „Александар Велики” утре во 11:15 часот. Оттаму, тие ќе се упатат кон влезот на Скопје и ќе се движат по булеварот Александар Македонски до хотелот „Континентал”, па лево кон булеварот Гоце Делчев и кон зградата на МРТВ и ТЦ „Мавровка”.
Оттаму европските шампиони ќе се движат лево по булеварот Крсте Мисирков, па по булеварот Кочо Рацин кон зградата на Црвениот крст, а оттаму десно на улицата 11 Октомври, кон Порта „Македонија”.
Во 13:00 часот се очекува ракометарите на РК „Вардар” да пристигнат на плоштадот „Македонија”, преку Порта „Македонија”.
За оние кои сакаат да дојдат на аеродромот „Александар Велики“ има организиран бесплатен превоз од страна на ЈСП. Термините и локациите на тргнување на автобусите се следни:
1. Ѓорче Петров
Тргнува од Црква „Св. Петар и Павле” во 09:30 часот, со застанување на следните локации:
– City Mall,
– Хотел Карпош (наспроти Хотел Карпош кон центар) и
– Македонски Пошти.
2. Кисела Вода
Тргнува од почетен Терминал на линија 24 во 09:30 часот, со застанување на следните локации:
– Општина Кисела Вода,
– Транспортен Центар (Бензинска пумпа Макпетрол) и
– Алкалоид (Автокоманда).
3. Аеродром
Тргнува од Т.Ц. Скопјанка (пред Тобако 2) во 09:30 часот, со застанување на следните локации:
– Т.Ц. Бисер,
– Пошта (Ново Лисиче),
– ФФМ (Ново Лисиче) и
– Слаткарница Шарлота (автопат на излез од Маџари).